Србите обвинети дека Американецот на Закинтос го убиле поради бојата на кожата

За обвинетите била побарана најстрога казна – доживотен затвор.

333

На обвинетите за учество во убиството на Американецот минатата година на Закинтос им се товари убиство поради расни причини. Обвинети се девет лица, од кои седум се Срби, пишува српски „Курир”.

Грчките адвокати кои ги застапуваат Србите доставиле до надлежниот суд истражување на група научници од Универзитетот Харвард, каде се наведувало дека Србија е една од земјите со најголема расна толеранција.

На обвинетите им се става на терет дека ноќта помеѓу 7 и 8 јули го претепале младиот Американец, кој од здобиените повреди починал. Пет лица од Србија биле во притвор во Грција, додека двајца се бранеле од слобода и на судење допатувале од Србија.

Пред неколку месеци било побарано на младите Срби да им се дозволи да се бранат од слобода. Се сведочело за нивното однесување во затворот, како и за школувањето во грчките образовни институции. Тие се однесувале добро и биле добри ученици.

За обвинетите била побарана најстрога казна – доживотен затвор.

Фото: Курир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...