Триесет и осумгодишна жена од Србија била прободена со нож во врат, пренесуваат српските медиуми.
Немилиот настан се случил во пошта, а тешко повредената била однесена во болница.
Полицијата го привела нејзиниот 54-годишен поранешен партнер.
Истрагата е во тек.