Воената разузнавачка служба на Холандија спречи руски хакерски напад врз Организацијата за забрана на хемиско оружје, изјави на прес-конференција холандската министерка за одбрана, Анк Бејлевелд.
Министерката за одбрана рече дека четворица Руси се протерани од Холандија, за кои постои сомневање дека извршиле хакерски напад врз ОЗХО.
Осомничените за нападот имале дипломатски пасоши.
Русите, наводно, сакале да дојдат до досиеја за истрагата за падот на авионот МХ-17 во Донбас во 2017 година.
Постојаното претставништво на Русија во ОЗХО не ги коментираше наводите на министерката за одрбана на Холандија.