Спречен бомбашки напад во Подгорица

179

Црногорската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад во Подгорица, при што уапсила три лица под сомнеж дека „се подготвувале да извршат тешко кривично дело со употреба на бомба“.

Во соопштението се посочува дека врз основа на оперативни сознанија, полицијата извршила претрес на возило со кое патувале две лица од Подгорица, на возраст од 36 и 38 години, при што во него е пронајдена рачна бомба М-75.

– Криминалистичката истрага упатува на сомнеж дека овие лица имале намера да ја употребат бомбата за извршување на тешко кривично дело во една населба на подрачјето на Подгорица, што е спречено со брзата реакција на полицијата, се наведува во полициското соопштение.

Двајцата осомничени во текот на сослушувањето признале дека бомбата ја набавиле од 35-годишен маж од градот Плужине, кои подоцна е приведен.

Против трите лица е покренато обвинение за „недозволено држење на оружје и експлозивни матријали“ и им е изречена мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...