Спречени повеќе терористички напади во Виена и Салцбург планирани за Божиќ

Нападите ги планирал терорист кој е во затвор откако двапати се обидел да се присоедини на ИД во Сирија.

563

Австриските власти објавија дека бил разоткриен заговор за извршување терористички напади по Божик. Терористите планирале активирање експлозини направи на Божиќен пазар во близина на катедралата Свети Стефан во Виена меѓу Божик и Нова година како и напади во Салцбург, Германија, Франција и Луксембург.

Анонимен повик до властите открил за подготовка на нападите.

Нападите ги планирал терорист кој е во затвор откако двапати се обидел да се присоедини на ИД во Сирија.

И покрај штоа што е зад решетки, водачот на групата останал во контакт со своите соучесници преку нелегален мобилен телефон што го користел во затворот. Во полициската акција уапсени се соучесниците кои се на возраст од 25 и 31 година. Тројцата се со чеченско потекло.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...