Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Кало соопштија дека успеале да ја спречат продажбата на куклата „Фрида Барби“ до завршување на судскиот процес.
Една од роднините на уметницата, Мара де Анда Ромеро, изјави дека компанијата „Мател“ нема право да го користи ликот на Фрида Кало за кукли од серијата „Жени кои инспирираат“.
Од друга страна, компанијата соопшти дека соработувала со „Фрида Кало корпорацијата“, која тврди дека ги има правата и дека ги добиле уште пред десет години од внуката на уметницата, Излода Пињеде Кало.
Додека овој проблем не се надмине „Мател“ ќе мора да ја запре продажбата на куклата.