На 31.мај во организација на Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина Светулка“ од Скопје ќе се одржи семинарот: Справување со предизвиците во исхраната и спиењето кај децата со аутизам.
На семинарот ќе бидат обработени следните теми: Влијанието на сетилата врз прибирливоста во исхраната; Воведување на нови вкусови; Глад, ситост и PICA; Интолеранција на храна и здрава исхрана; Рутина на спиење; Фактори кои влијаат на појава на нарушено спиење; Справување со нарушување во спиењето.
Предавач на семинарот е Д-р Јасмина Трошанска, дефектолог со 16.годишно теоретско и практично искуство во работата со деца со аутистичен спектар на нарушување. Таа има завршено ѝ курс по Монтесори педагогија за деца на возраст од 3-6 години. Во текот на својата работа има посетувано обуки за современите евалуирани третмани на деца со аутистичен спектар на нарушување: ABA, PECS, TEACCH, Brain Gym и Сензорна интеграција. Исто така, има посетувано и учествувано со сопствени трудови на голем број на конференции во земјата и странство. Се појавува како автор и коавтор на 14 трудови кои се издадени во Македонија и во странство. Од 2010.година активно работи на два европски проекти, држи обуки, учествува на трибини, телевизиски емисии, пишува во медиумите и се бори за подигнување на свесноста за аутизмот во општеството. Претседател е на здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушување „Сина Светулка“ – Скопје.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Unsplash