Русинката Ирина Рубникова починала од струен удар додека се капела, откако нејзиниот полнач за ајфон паднал во водата- пишува британски „Сан“. 15-годишната Ирина била пронајдена мртва во саботата во нејзиниот дом во Братск, Русија.
Веста за прераната смрт го шокираше нејзиното семејство и пријателите.
– Ирина сонуваше да стане светски шампион. Таа беше прекрасна личност. Најдобрата и најсакана од сите – изјавиле нејзините пријатели.
– Отсекогаш сонуваше да успее во спортот. Сакавме да заминеме заедно во друг град и да учиме таму. Сите ја сакаа. Ирина беше мила и убава“ – велат нејзините пријатели
Нејзината сестра Татјана (25) за весникот „Комсомолскаја правда“ изјавила дека таа била прекрасна девојка која имала многу пријатели.
– Таа повеќе не е со нас. Нашите срца се скршени. Сега во домот е толку е тивко и празно без неа – изјавила Татјана.
Од Спортската федерација на Русија испратиле сочувство за прерано изгубениот живот.
– Трагична несреќа ѝ се случи на нашиот шампион, пријател и студент Ирина Рубникова. Нека почива во мир – соопштиле од Спортската федерација на Русија.
Руските безбедносни лица претходно предупредиле за опасноста од користењето на мобилните телефони и полначите во бањите.
Уште една Русинка, Ксенија П. настрада во февруари од полнач за смартфон, кој паднал во водата додека таа се капела.
(ФОТО/Фејсбук)