Само што се реши спорот околу името, Грција и Македонија влегоа во нов конфликт – оној околу мусаката, пишуваат светските медиуми (турскиот Haberler, Times,…)
Според пишувањето на Тајмс, Грците биле шокирани кога виделе дека на Саемот за храна кој е одржан во Германија, се послужувала мусака под знамето на Македонија.
Анастасис Пајпетис, сопственик на еден грчки ресторан, останал во неверица кога здогледал дека е мусаката изложена во рамките на националната кујна на Македонија.
„Тие ја промовираат мусаката како македонско јадење. Но не е само тоа, тие со неа служат грчки јогурт и кафе како да се нивни производи“, изјавил Пајпетис, кој ги алармирал грчките медиуми.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.