Според сенатски извештај за „аферата Бенала“, големи пропусти во функционирањето на Елисејската палата

105
ФОТО: МИА

Истражната комисија на францускиот Сенат заклучи дека поранешниот службеник на Елисејската палата и близок соработник на претседтелот Емануел Макрон, Александар Бенала треба да биде кривично гонет за лажно сведочење и истовремено укажува на бројни неправилности во функционирањето на француските државни институции, јави дописникот на МИА.

Комисијата констатира дека Бенала, кому од вчера му е одредена мерка притвор поради непочитување на судрските правила, дал лажна изјава под заклетва за користењето на дипломатските пасоши, за барањето за издавање на дозвола за носење оружје и за неговата улога во обезбедувањето на рускиот олигарх Искандер Макхмудов.

Ако овие дела се докажат пред Суд, Бенала може да заработи пет години затвор и парична казна од 75.000 евра.

Суд во Париз вчера на Бенала и на друг поранеш член на Кабинетот на Макрон, Винсент Крас им изрече мерка притвор поради непочитување на судските правила, затоа што врз основа на аудио снимки, објавени на 4 февруари, беше утврдено дека тие разговарале меѓусебе за случајот што се води против нив, иако тоа им било забрането во рамки на истрагата.

Истрагата против Бенала и Крас врз основа на објавени видео снимки на кои се гледа како тие на 1 мај 2018 година грубо апсат две лица, иако немале никакво овластување за тоа.

Санаторите во истрагата констатирале „големи пропусти во функционирањето на државните институции“, оценувајќи дека станува збор за „државна афера“ поради „пропустите на државниот апарат“.

Документот, изготвен од опозициските сенатори, Муриел Жорда од партијата Републиканци (ЛР) и Жан-Пјер Суер од Социјалистичката партија (ПС), е резултат на шестмесечна истрага, која вклучувала  44 часа расправи и сослушување на 48 лица, меѓу кои и некои од највисоките официјални личности во државата.

Сенаторите даваат 13 предлози, но во прв план ги ставаат „големите пропусти“ во организацијата на Елисејската палата, пред се за тоа како Бенала „постепено презема водечка улога во работењето на претседателскиот Кабинет“.

Комисијата прашува како било можно едно лице како Бенала, да игра толку заначајна улога, иако е чиновиник од низок ранг и без искуство во спроведувањето на безбедноста на шефот на државата.

Според сенаторите, вака поставената „организација” на Елисејската палата „не можела да ги спречи ексцесите на лице со нејасни функции и широки овластувања“.

Сенаторите посочуваат дека Елисејската палата не давала точни информации за вистинската улога на Бенала, по што посочува и на одговорност на други членови на претседателскиот Кабинет.

Комисијата посочува дека Бенала „ја презел одговорноста за безбедноста на претседателот, што ги направило разнливи безбедносните мерки на претседателското обезбедување“.

Во извештајот се истакнува и неажурноста на службите на Елисејската палата и на Министерството за надворешни работи во поништувањето на дипломатските пасоши на Бенала.

Комисијата бара нејзиниот извештај да биде предаден до јавниот обвинител, поради што на удар на органите за прогон можат да се најдау и други високи функционери во Кабинетот на Макрон.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...