Спилберг открива зошто најмногу го гледал филмот Е.Т.

538

Американскиот режисер Стивен Спилберг создаде некои од најпознатите и највпечатливи моменти во филмската индустрија, но меѓу сите негови дела се наоѓа и едно кое му е најдраго.

Станува збор за филмот Е.Т. од 1982 година, кој, според сопственото тврдење, го гледал најмногу пати досега од сите свои останати филмови.

Тој истакна дека тоа е филм кој имал најголемо влијание врз него и неговиот живот, бидејќи поради овој филм посакал да стане татко.

– Никогаш не сум размислувал дека би можел да имам деца. Премногу бев зафатен со кариерата за да размислувам за деца, изјави славниот режисер.

Спилберг открива дека „работејќи со Дру Баримур, Хенри Томас и Роберт Мекнотон, како и со возрасни луѓе кои во текот на снимањето се однесувале како деца, тој сфатил дека сака деца“.

– Тоа е филм, кој од оние што сум ги режирал, најмногу пати сум го гледал досега, бидејќи сите мои деца сакаа да го гледаат. Покрај тоа, ваков филм е добро да се гледа заедно со татко, бидејќи децата на почеток се плашат од Е.Т., кој изгледа поинаку, додава режисерот.

Спилберг има шест деца – три синови и три ќерки. Тој се уште верува дека постои вонземјански живот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...