Спиење на работа како дел од работните обврски во Јапонија

511

Јапонските работодавачи одлучија спиењето на работното место да стане дел од работните обврски на секој вработен.

Тоа не значи дека вработените ќе спијат на работното место туку ќе добијат соба за спиење.

Одлуката е донесена откако најновото истражување покажало дека поспаноста на вработените влијае врз нивната ефикасност, поради што јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари.

Поради тоа предлогот на работодавачите и јапонското Министерство за здравство е вработените да имаат барем 30 минути за спиење.

Предлогот е прифатен од јапонската ИТ компанија „Нексбит“ (Nextbeat) која обезбеди две „стратешки спални соби“, кои се опремени со апарати за блокирање на бучава, кревети и софи, додека мобилните телефони, таблетите и лаптоповите се најстрого забранети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...