Специјалниот претставник на американскиот претседател за Украина, Курт Волкер поднесе оставка, пренесуваат светските агенции.
Името на Волкер се споменува во пријавата на „свиркачите“ од разузнавачката заедница, објавена во четвртокот, во која за него се вели дека се обидел да ја „намали штетата“ на напорите на адвокатот на Доналд Трамп, Руди Џулијани, да изврши притисок врз Украина да ги испита демократите.
Волкер работеше како претседателски специјален претставник за Украина од 2017 година, не работел со полно работно време и не бил платен за тоа.
Стејт департментот досега не се изјасни за оставката.
Демократите во Претставничкиот дом, кои спроведуваат истрага за отповикување на американскиот претседател, побараа од Волкер да сведочи пред Конгресот во врска со телефонскиот повик од 25 јули во кој Трамп го охрабрува претседателот на Украина да го истражи неговиот потенцијален претседателски ривал Џозеф Бајден.
Стејт прес, студентска публикација на Универзитетот во Аризона, први објавија дека Волкер поднел оставка. Универзитетот ја поддржува „тинк тенк“ институцијата каде Волкер е извршен директор.