Спектакуларен огномет во Сиднеј (ВИДЕО)

119

Жителите на Австралија ја дочекаа Новата година  со традиционален, спектакуларен огномет што се одржува на Сиднејското пристаниште, и покрај смртоносните пожари кои принудија илјадници да бараат засолниште на плажите и каде многу градови да ги откажат прославите.

Повеќе од милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј и во околните места за да уживаат во исклучителниот спектакл што ја осветли и познатата зграда на сиднејската опера.


Планираниот огномет доцнеше 15 минути поради силниот ветер.

Нов Зеланд беше меѓу првите каде пристигна 2020, а во Оукленд беше подготвен спектакуларен огномет од Скај тауер.

Властите во Хонг Конг го откажаа популарниот огномет во пристаништето Викторија, поради најавените протести.

Новата година прво пристигна на јужнопацифичкиот остров Самоа и Божиќните Острови во Тихиот Океа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...