„Спајдермен“ спаси девојка во навалица од обожаватели

– Сè е в ред, тука сум!, се слуша глумецот како ја смирува, потоа обраќајќи им се на другите обожаватли: Ќе ги фрлам вашите г**нарии на под ако не престанете да ја туркате.

105

Том Холанд, најпознат по улогата на „Човекот-пајак“ (Спајдермен), се покажа како херој и во вистинскиот живот, оти спаси обожавателка од навалицата луѓе кои речиси ја смачкаа, обидувајќи се да дојдат до автограм пред телевизиско студио во Њујорк.

Девојката на Твитер објави и куса снимка, нагласувајќи дека група повозрасни мажи, туркајќи се, „буквално ѝ го приклештиле вратот кон преградата”.

– Сè е в ред, тука сум!, се слуша глумецот како ја смирува, потоа обраќајќи им се на другите обожаватли: Ќе ги фрлам вашите г**нарии на под ако не престанете да ја туркате.

Девојчето по име Кес добило и напад на паника, па Холанд морал да ја смирува.

Инаку, Том на минатогодишните „Оскари“ на сличен начин ја спаси и глумицата Џина Родригез, која за малку не падна на грб при излегувањето на сцената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...