Спасувачките екипи трагаат по илјада исчезнати во северозападна Флорида по ураганот Мајкл

142

Спасувачките екипи и доброволци се во потрага по повеќе од 1.000 луѓе кои се уште се водат како исчезнати во северозападниот дел на Флорида, откако регионот беше опустошен од ураганот Мајкл минатата недела.

Се смета дека, откако во средата ураганот Мајкл дојде до копното, во четири американски држави загинале најмалку 19 лица. Тоа беше една од најмоќните регистрирани бури, која го погодила копното на САД.

Волонтерската спасувачка организација „Крауд сорс рескју“ соопшти дека нејзините екипи се обидуваат да пронајдат 1.300 лица, кои се уште се сметаат за исчезнати во зоната на катастрофата во северозападна Флорида.

Според општинскиот советник во градот Мексико Сити Бич, Рекс Панто, во населеното место има околу 30 до 40 лица кои се уште се водат како исчезнати.

Градоначалникот на градот, со население од околу 1.200 луѓе, кој беше директно погоден од ураганот, изјави дека има најмалку еден загинат, додека Си-Ен-Ен објави дека вчера бил пронајден и втор загинат.

Повеќето домови во Мексико Бич веќе се претресени во потрага по преживеани, и спасувачките тимови сега користат кучиња за да бараат тела кои можеби се затрупани под урнатините.

Во југозападниот дел на САД, повеќе од 200.000 луѓе се уште немаат електрична енергија. Жителите на погодените крајбрежни градови како Порт Сент Џо на Флорида се принудени да готват на оган и скари.

До денеска, најмалку 80 проценти од корисниците во три области во северозападна Флорида остануваат без електрична енергија. Властите велат дека може да бидат потребни недели за да се врати електричната енергија во најтешко погодените области.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...