Спасувачите на мигранти во Средоземното Море предложени за наградата „Сахаров”

52

Невладините организации кои работат на заштита на мигрантите што минуваат низ Медитеранот се меѓу предлозите за годинашната награда на Сахаров, соопшти Европскиот парламент.

Вкупно 11 организации се вклучени во предлогот на групата Зелени во ЕП. Групата на Европската народна партија го предложи украинскиот режисер Олег Сенцов, осуден на 20 години затвор за „заговор за терористички напад“ против Крим.

Третиот предлог е на групата на Европски реформатори и конзервативци за Шејран Атеш, која се бори против политичкиот и верскиот екстремизам. Атеш е германска адвокатка од турско потекло, која добила смртни закани за нејзината вмешаност во воспоставувањето на заедничка молитвена соба за мажи и жени во берлинската џамија.

Либералите од АЛДЕ го предлагаат Цезар – прекар на поранешен сириски воен фотограф, кој објави фотографии со докази за воени злосторства. Се забележува дека фотографиите обезбедени од него ќе служат во случаи на злосторства.

Групата на Европската обединета левичарска група за награда го предлага Насер Зефзари од Мароко, водач на движењето против корупцијата и злоупотребата на власта. Зефзари беше осуден на 20 години затвор за заговор против државната безбедност и најави штрајк со глад пред еден месец.

Групата „Европа на слободата и директна демократија“, го предлага Двејн Џонсон, американски земјоделец, кој го тужеше производителот на хемикалии Монсанто и доби на суд, а при што компанијата беше прогласена за виновна дека нејзиниот препарат „Рандуп“ предизвикува рак.

Групата „Европа на народите и слободата“ ја предлага невладината организација за заштита на малцинствата во Јужна Африка. Последниот предлог на група европратеници е Мари Вагнер од Канада, која се бори против абортусот.

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе ја скрати листата на 9 октомври до три предлози за кои ќе се гласа на 25 октомври. Наградата ќе му биде доделена на победникот во Стразбур на 12 декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...