Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следат состојбите со шумските пожари низ земјава, а вчера е укината забраната за движење низ шумите на барање на ЈП „Македонски шуми“.
– Во овој период ќе се сублимираат сите податоци и секако ќе ја информираме јавноста. Она што ние како министерство го правиме е во Програмата за рурален развој за 2019 година е дека креиравме посебна мерка, што се однесува за заштита на шумскиот фонд, од 30 милиони денари. Таа мерка досега не постоеше и оваа е мерка за заштита на шумите – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој денеска присуствуваше на научниот симпозиум на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Експертите треба да ги дефенираат корисниците на оваа мерка, со цел заштита на шумските појаси, по што ќе биде распишан и јавен повик за искористување на 30 милиони денари од буџетот на Владата на Република Северна Македонија.
Николовски информира дека работна група работи на нов закон за шуми и ловство.