Со 280 милиони денари ќе се развиваат регионите во земјава (ВИДЕО)

Ќе се финансираат 104 проекти кои ќе помогнат во развојот на осумте региони.

100

Владата со 280 милиони денари од Програмата за рамномерен регионален развој ќе финансира 104 проекти во осумте региони. Со проектите, акко што беше речено денеска на седницатаа на Советот за еамномерен регионален развој треба да се влијае на развојот на регионите.

– За реализација на проекти за развој на осумте плански региони издвоени се 70 отсто од вкупните средства од Програмата или 195,5 милиони денари, со кои ќе се поддржат 27 проекти. Дополнително, за проекти за специфични подрачја наменивме 20 отсто од средствата или 56 милиони денари со кои ќе се поддржат 45 проекти, а за проекти за развој на селата, 10 отсто или 28 милиони денари со кои ќе се реализират 32 проекти. Особено се важни средствата кои ги наменивме за развој на специфичните подрачја и развој на селата, за изработка на техничка документација за проекти со кои би аплицирале и на други места за да изнајдат средства за реализација – изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој посочи дека целта Влада планира и други средства за порамномерен развој на регионите се со цел граѓаните, каде и да живеат да имаат исти или приближни услови за живот, а не да се создаваат само неколку големи центри.

– Подготвуваме и софтвер преку кој ќе се мапираат вкупните инвестиции во пооделните региони. Интенцијата е капиталните инвестиции, предвидени во буџетот, над 400 милиони евра, исто така да бидат распределени рамномерно, со тенденција да се насочуваат повисоки средства во понеразвиените региони, а исто така да се искористат средствата од ИПА програмата, за регионален економски развој, за која во тек е програмирање на средствата – рече Анѓушев.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу посочи дека годинава од Центрите за развој на планските региони и од општините беа доставени апликации за финансирање на вкупно 137 проекти.

– Најголемиот број на проекти се инфраструктурни, она што во моментов им е најпотребно на граѓаните, како и подготовка на техничка документација за да можат планските региони да аплицираат за поголеми средства преку донаторски програми или преку ИПА инструментот на Европската Унија- рече Фазлиу.

На седницата на Советот за рамномерен регионален развој учествуваа повеќе министри како и претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов и градоначалниците на општините, претседатели на осумте плански региони во Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...