Во Фоајето на Националната опера и балет, директорот Васо Ристов, амабасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, претставник на владата на Јапонија и вицепремиерот Бујар Османи потпишаа грант помош за култура во вредност од 79,800,000 јени (еквивалент на 663,000 евра) за „Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Националната опера и балет“.
Грант договорот го потпишаа г. Џиро Такеичи, извршен директор на Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА Балкан и Васо Ристов, директор на Националната опера и балет.
Јапонија сака преку оваа помош да се подобри квалитетот на изведбите во Националната опера и балет, збогатените активности да помогнат во едукацијата и градењето на капацитети кај младите во Македонија и да се подобри взаемното разбирање на заедниците преку културата.