Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа рестрикции за извоз за таа компанија.
– Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот – тврди претставник на „Панасоник“.
Компонентите што се во прашање се поврзани за паметните телефони. „Панасоник“ испорачува делови за телефоните на „Хуавеј“.