Научниците и организациите кои се занимаваат со здравјето веќе долго потсетуваат на повеќекратната корист од консумирањето на храна богата со влакна, но колку модерниот човек навистина ја внесува во организмот?
Ова е прашањето кое ја потикнало Светската здравствена организација да основа екипа која ги анализирала резултатите и ги објавила во списанието Lancet.
Целта на анкетата била да се развијат нови смерници во консумирањето на храната богата со влакна и да се утврди кои јаглени хидрати најмногу штитат од незаразни болести и спречуваат зголемување на телесната тежина.
„Користа од внесувањето во организмот на влакнести намирници е поголема отколку што мислевме порано“, рекол Џим Ман, коавтор на истражувањето и професор по нутриционизам на Медицинскиот факултет Отаго.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey