Со Халкбанк полесно до нов дом

Максималниот износ кој може да се добие е до 200.000 евра, а временскиот рок на отплата е до 30 години.

133

Купување стан, односно дом од соништата со новиот Станбен кредит на Халкбанк, е навистина веќе нешто достижно!

Посакуваниот стан на саканата локација, во најзеленото маало, со добар поглед, со совршена кујна, со посакуваната големина и со се што сте замислиле, може финансиски паметно да го реализирате со новиот станбен кредит на Халкбанк.
Кредитот е со најповолни услови, фиксна каматна стапка од 3,2% за период од 10 години и 5,2% варијабилна каматна стапка за остатокот од периодот. Со кредитот добивате и животно осигурување кое овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Максималниот износ кој може да се добие е до 200.000 евра, а временскиот рок на отплата е до 30 години. Кредитот е БЕЗ трошоци за проценка, БЕЗ трошоци за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства.
Халкбанк има склучено и соработка со голем дел на градежни компании.

Доколку имате одбрано стан во зграда која е во тек на градба, Халкбанк прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите од компании кои се наоѓаат на листата. Со овие олеснувања уште полесно можете да ги реализирате своите замисли и желби со цел да создадете идеален дом.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...