Уровот е едно од најнепознатите мешункасти растенија во земјава, за кое малку се знае, а некои дури и првпат слушаат дека постои. Порано, постарите генерации многу често го комбинирале со кафе.
Во минатото уровот бил главна храна за добитокот, но освен во сточарството, наоѓа примена и во прехранбената индустрија.
Го има во мал дел во западна Македонија, а за оние кои се заинтересирани да го одгледуваат, еве и информација дека се сее на крајот на февруари, спаѓа во групата на мешункасти растенија, не бара многу вода, цути на почетокот на мај, а се жнее на крајот на јуни, заедно со пченицата.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.