Со температури до 49 степени, Австралија стравува од пожари

121

По божикните празници, Австралија ја погоди топлински бран, со температури до 49 Целзиусови степени.

Во западниот дел на Австралија се прогнозираат температури над 47 степени, а прогласена е и опасност од пожари. Истовремено, жешкото време е прогласено за штетно по здравјето и издадени се бројни предупредувања за квалитетот на воздухот, објави „Гардијан“.

Се очекува екстремните горештини да се задржат до Нова Година.

Националната канцеларија за метеорологија извести дека во Марбл Бар измерени се 49,1 степени, што е највисока температура во тоа местото од 1895 година, од кога се води евиденција за температурите. Воедно, тоа е само 1,6 степени помалку од највисоката температура регистрирана во Австралија, каде во 1960 година во Однанта без измерени 50,7 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...