Со претстава од Кина вечерва се затвора „Танц фест“

211

Со гостување на танцов ансамбл од Ханџо, Кина, вечерва завршува 15. „Танц фест“. Учествуваат петнаесет млади танчари од Кина кои од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе ја изведат претставата „Секвенци – минато / сегашност / иднина“.

Кореограф на претставата е Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, а костимите ги изработи кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.

На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за младите уметници од програмата „Инкубатор“ кои годинава учествуваа во голем број преку три уметнички категории – музика, современ танц и визуелни уметности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...