Со охрабрувањето без мерка и градењето на култ дека е најдобро, му правиме на детето лоша услуга

Семејството и домот треба да бидат храм во кој детето ќе се чувствува безбедно и заштитено. Но не треба кај детето да се поттикнува чувството дека родителот безусловно ќе го заштитува, без да го искара или казни ако се однесува лошо. Охрабрувањето без мерка и градењето на култ дека детето е најдобро во сѐ, му прави лоша услуга и може да има негативно влијание на неговиот целокупен понатамошен живот, вели д-р Денис Ал Кхалили, оснивач на „Лулка“.

203

Дoктор Денис Ал Кхалили е доктор на медицина, специјалист педијатар, кој покрај напредувањето во својата професија, во областа на педијатријата и неонатологијата, е посветен и на граѓанскиот активизам, на едукација и поддршка на семејствата и подобрување на условите во кои се раѓаат и живеат децата.

Роден е во Скопје пред 38 години, во мешан брак помеѓу Македонка и Јорданец и пораснал во семејна средина во која се вреднувале знаењето, почитта, љубовта и емоциите, со космополитски и толерантни сфаќања за различните нации, култури и религии.

Во брак е веќе 9 години и е татко на две момчиња на возраст од 8 и 5 години. Себеси се доживува како родител кој постојано учи од своите деца, се развива и се гради како што се развиваат и растат децата.

Вели дека на децата им е потребна поддршка, разбирање и безусловна љубов: „Родителите и семејството треба да ги поттикнуваат и фалат добрите особини кај детето, а да ги обесхрабруваат непосакуваните. Семејството и домот треба да бидат храм во кој детето ќе се чувствува безбедно и заштитено. Но не треба кај детето да се поттикнува чувството дека родителот безусловно ќе го заштитува, без да го искара или казни ако се однесува лошо. Охрабрувањето без мерка и градењето на култ дека детето е најдобро во сѐ и дека е непогрешливо, му прави лоша услуга и може да има негативно влијание на неговиот целокупен понатамошен живот“.

 Доктор Ал Кхалили е иницијатор и основач на организацијата „Лулка“ која е формирана пред точно 10 години, во јуни 2009. година.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...