Џејсон Момоа во новата реклама за хипотекарната банка Рокет мортгејџ, се соблече, па преплаши дел од своите обожавателки и обожаватели.
Имено, глумецот што важи и за секс-симбол, откако тргна дел од својата облека, си ги отстрани и мускулите, па и скалпот… Така што на крајот изгледа како слабичок и ќелав човек, кој не може да го дигне ни својот тег без помошта на својата сопруга Лиза Бонет.
На прв поглед, многу од гледачите реагираа негативно. Но, потоа беше објаснето оти пораката во корист на рекламата, е дека под оние мускули, сите сме обични луѓе кои, најчесто, само дома можат да бидат вистински свои.