Таа е 45 години помлада од својот сопруг, но тврди дека сексот е најдобриот дел од врскатa: Се дружела со неговиот син и оделе заедно во градинка.Двајцата се запознале пред четири години, кога Стефани почнала да работи во омиленото кафуле на Дон.
Брачната двојка со разлика од дури 45 години, открил дека биле поврзани и пред некој да замисли дека двајцата ќе завршат во брак.
Стефани (24) и нејзиниот сопруг Дон Валпер (69), кои се родители на едногодишно дете, се шокирале кога откриле дека можеби се запознале многу порано пред да завршат заедно.
Имено, 24-годишната Стефани одела во градинка и училиште со синот од првиот брак на сопругот. Дон за него ѝ зборувал кога биле во врска три месеци.
– Го познавам синот на Дон уште од претшколскиот период. Одевме заедно во градинка, основно и средно училиште. Матуриравме заедно, а бевме добри пријатели кога бевме млади – рекла Стефани.
Таа и сопругот во моментот не разговараат со неговиот син, но минатата година добиле заедничко дете, малиот Лачлан.
Минатата година се венчале и тврдат дека никогаш не биле посреќни.
– Многумина не разбираат дека разликата во години може да биде генијална. Сите мислат дека станува збор за нешто друго. Ме прашуваат како воопшто можам да го сакам. Сакаш некого затоа што го сакаш – вели младата мајка.
Двајцата се запознале пред четири години кога Стефани почнала да работи во омиленото кафуле на Дон, па веднаш се родила „хемија“.
Сексуалниот живот, тврдат, им е најдобар дел од врската.
– Сексот дефинитивно беше голем дел од мојата перспектива. Секогаш се чувствував помладо, не ги доживував своите години. Секогаш сакав да излегувам и да се дружам со помлади. Сега кога имаме дете, работите малку се променија, но претходно секогаш имавме секс – се пофалил Дон, а Стефани додала дека тоа го правеле и неколкупати дневно.
„Дон едноставно знае што прави“, го пофалила таа својот сопруг.
ФОТО: Фејсбук/Принтскрин