Со неверојатни рефлекси го спасила синот од пад по скалите ВИДЕО

Детето изгубило рамнотежа и почнало да паѓа, но неговата мајка, која во моментот зборувала на телефон, се фрлила преку работ на оградата за да го зграпчи синот, што ѝ успеало.

657

Надзорната камера снимила момент кога една мајка со неверојатни рефлекси успеала да го спаси синот од пад по скали од четвртиот кат.

Снимката од градежната компанија „Монсерат“ покажува мајка и син кои излегуваат од лифт со еден доставувач. Додека мајката чека некој да ја отвори вратата, љубопитното детенце отишло до оградата на скалите и се чини дека ги става рацете на она за што претпоставува дека е стаклена плоча.

Потоа, детето изгубило рамнотежа и почнало да паѓа, но неговата мајка, која во моментот зборувала на телефон, се фрлила преку работ на оградата за да го зграпчи синот, што ѝ успеало.

Доставувачот брзо истрчал на долниот спрат, а вработените од градежната компанија веднаш притрчале напомош штом сфатиле што се случило. За среќа, мајката успеала да го задржи синот и да го врати на сигурно.

Инцидентот се случил во средата во Меделин, Колумбија. Видеото станало вирално на социјалните мрежи и веднаш предизвикало поделени реакции. Некои ги пофалиле рефлексите на мајката, но имало и такви кои ја нападнале бидејќи зборувала на телефон наместо да внимава на детето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...