Со МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ jа завршивме 2019 и ја почнавме 2020. На 30.12.2019 го добивме последниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ за мината година, а на 02.01.2020 го имаме првиот за Новата година.
Со среќни добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ почна Новата година. Во Државна видеолотарија пристигнаа последниот милионер од 2019 и првиот за 2020.
Во текот на претпоследниот ден од 2019, Симијон Костов од Облешево го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, вреден 1.384.402 денари. Добивката е освоена во Облешевка АДБ на 30.12.2019 во 21.05.
Симијон во друштво на своите пријатели и членови на семејството, пристигна да си го подигне добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чек вреден 1.384.402,00 денари. Ни раскажа дека со оваа убава информација ја завршил 2019 и ја почнува Новата 2020 година. Тој како редовен играч на видеолотариските терминали, се радувал и на други помали добивки. Добитниот износ од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е убава сума, за која како што ни откри, сѐ уште нема прецизен план за трошење.
Покрај Симијон, уште еден среќен добитник, пристигна во Државна Видеолотарија. Добитникот кој посака да биде анонимен освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.299.647 денари на 02.01.2020 во Делта Бет во Скопје.
Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 308 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 459.221.756 денари. Покрај нив, освоени се и 58.352 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 307.091.978 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.