Среќни и задоволни играчи се нивните цели, кон кои постојано се стремат. Списокот на играчи со такви карактеристики, Државна видеолотарија го збогатува со двајца нови добитници на Милионер џек-пот. Насер Арифовски од Кратово и Валентин Ѓорѓиески од Охрид го освежија нивниот список среќни милионери, кои ја освоиле најпосакуваната добивка Милионер џек-пот.
Насер Арифовски од Кратово со убава вест го започна славењето на својот јубилеен четириесетти роденден. Тој на 12. јануари во 20:15 во „Бет ту Мар“ во Кратово, го слушна сигналот кој открива дека Милионер џек-пот добивката веќе има нов сопственик. Насер освои 1.228.909 денари. Кога пристигна да си го подигне чекот на добитниот Милионер џек-пот износ, ни откри дека како редовен играч, некако ја претчувствувал возбудливата ситуација, на која ѝ претходела и добивката Мини џек пот. Во друштво на своето семејство, со нас сподели дека парите ќе ги потроши со нив и за нив, радувајќи се дека за јубилејниот роденден го добил најубавото изненадување.
Валентин Ѓорѓиевски
Охриѓанецот Валентин Ѓорѓиевски, својот Милионер џек-пот го освоил на 19. јануари во „Глобалкод“ во Охрид во 19:45 часот. По чекот на добитниот Милионер џек-пот износ вреден 1.389.997 денари, пристигна придружуван од своите пријатели. Радосен откри дека со парите од најпосакуваната добивка, посакува да започне сопствен бизнис.
Џек пот добивките, Државна Видеолотарија ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 323 Милионер џек-пот добивки во вкупен износ од 480.837.662 денари. Покрај нив, освоени се и 61.427 Мини џек-пот добивки во вкупен износ од 320.937.860 денари. Мини џек-пот добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната Милионер џек-пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.