Според авторот на оваа диета, со здрава липосукциска исхрана сигурно може да се загуби од седум до десет отсто од телесната тежина во период од само десет дена.
Сезоната на потопли денови е пред нас, а со неа, вообичаено, ни се враќа и желбата да изгледаме фит и шланк, па не напразно пролетта е вистинско време за започнување диета и за менување на навиките во исхраната. Всушност, лошите навики треба само да ги замениме со здрави и затоа е неопходно да избереме диета која нема да нѐ исцрпува и измачува, која ќе ни ја врати енергијата и секако, диета со која успешно ќе успееме да го загубиме вишокот килограми.
Доколку ги следите нутриционистичките трендови, претпоставуваме дека веќе сте слушнале за една од најмодерните и најефикасни диети, за диетниот режим наречен липосукциска исхрана. Авторот на оваа диета, нутриционистот Кенан Мандра, тврди дека ова е одличен начин за најкус временски рок да се симнат најмногу килограми. На пример, за десет или за четиринаесет дена. Звучи охрабрувачки. Две седмици не е долг период, па со малку дисциплина, изгледа дека не е тешко да се успее.
Липосукциската исхрана е современ пандан на протеинските диети, но е адаптирана на исхраната карактеристична за нашиот регион. Станува збор за здрава програма за слабеење која се базира на внесување поголема доза протеини и здрави масти, на сметка на намален внес на јагленохидрати.
Кога телото ќе го ослободиме од јагленохидрати и од шеќери, тоа почнува да ги троши масните резерви како гориво, а на тој начин доаѓа до брзо слабеење, особено до загуба на наталожените масни наслаги на критичните зони. За среќа, потоа го нема и оној познат „јо-јо“ ефект на враќање на загубените килограми.
Оваа диетна програма, освен избор на дозволена храна, вклучува и одредени суплементи во исхраната кои се во вид на протеински напивки.
Предноста на липосукциската исхрана е и во тоа што нуди повеќе третмани со различно времетраење, па изборот е наш, сѐ зависи од тоа од колкав вишок на килограми сакаме да се ослободиме. А самата липосукциска програма вклучува протокол на исхрана со што ни се олеснува дилемата околу тоа што треба, а што не треба да конзумираме. Односно, до себе секогаш имаме подадена рака за поддршка во постигнувањето на нашата таргетна цел, слабеењето.
И секако, пред да се ставиме себеси на каков било диетен режим, вклучувајќи ја и липосукциската исхрана, потребно ни е да знаеме колку нашето тело е подготвено за ваков предизвик. Да, голем и убав предизвик. Слободно закажете бесплатен преглед на телефонот 070 535 033.