Со корона вирус се заразени и тројца од 206 евакуирани јапонски државјани од Вухан

Кај еден од тројцата државјани позитивни на вирусот се развиле симптоми на болеста.Сите заразени се згрижени во болница во Токио, опремена за вакви случаи.

533
Тројца од 206 јапонски патници кои вчера беа евакуирани од Вухан заразени се со корона вирус, што се појави во овој кинески град во декември, соопшти утрово јапонскиот министер за здравство, Катсунобу Като. Досега има 11 јапонски државјани заразени со новиот вирус.
Кај еден од тројцата државјани позитивни на вирусот се развиле симптоми на болеста.

Сите заразени се згрижени во болница во Токио, опремена за вакви случаи.

Денеска, уште 210 јапонски државјани се евакуирани од Кина со авион. Тие исто така ќе бидат тестирани за вирусот.

Речиси 6.000 луѓе се заразени со оовој вид на корона вирус во Кина, каде починаа 132 пациенти, според најновиот официјален биланс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...