Со кафе против рецидив на рак на дебело црево

Кај љубителите на кафе, ризикот од рецидив на ракот на дебело црево после лекувањето, е речиси преполовен (42 отсто) во однос на оние лица кои не пијат кафе, е заклучок од големо стражување објавено во Journal of Clinical Oncology (JCO).

711

Чарлс Фукс од Дејна Фарбер институтот за бобра против рак и неговите колеги ги анализирале податоците за речиси 1000 лица во третата фазана рак на дебело црево кои поминале операција и хемотерапија.

Овие лица пополниле прашалници за своите навики во исхраната напочетокот од испитувањето, во текот на хемотерапијата и година дена потоа.

Во третата фаза, зафатени се лимфните јазли во близина на првобитниот тумор, но нема знаци за метастази на други места во телото. Ризикот од рецидив во овој стадиум изнесува 35 отсто. До враќање на туморот доаѓа главно во рок од пет години после лекувањето, а после тој период, ретко доаѓа до тоа.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...