Штипјани денеска со протест ги поддржаа текстилните работници. Тие на собирот побараа подобри услови за работа, запирање на мобингот, забрана за работа в недела и за време на празниците и зголемување на платите, за достоинствен живот на работниците.
Со иронични пораки „За нови џипови“, „За работа на секој празник“ или „За повеќе непријавени работници“ граѓаните на Штип денеска се спротивставија на барањата на текстилните газди, кои ги нарекоа „апсурдни“.
Протестот е откако газдите на текстилните фабрики побараа продолжување на работното време, укинување на празници, за да нема дисконтинуитет во производството, но и замрзнување на придонесите.
ФОТО Принтскрин