Министерството за труд ги објави предложените измени на Законот за исплата на платите со кои се овозможува зголемување на платите на вработените во јавниот сектор од 5 отсто како што беше најавено.
Измените на законот се поставени на Националниот електронски регистер на прописи (ЕНЕР), а главна цел на измените, велат од социјала е да се овозможи поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор.
Со измените се предлага зголемувањето да се реализира од септември годинава.
„Работодавачот од ставот 2 и 3 на овој член при исплатата на платата за месец септември 2019 година утврденото право на плата за месец август 2019 година го зголемува за 5%.“
Измените на законот, како што се посочува во предлогот, не се однесуваат на работодавачот кај кој повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост.