Со „Еве зошто НЛБ Клик!“ летово освојте Samsung S10 и Bluetooth слушалки

Започнува голема наградна игра на НЛБ Банка

354

Од денес, НЛБ Банка започнува голема наградна игра „Еве зошто НЛБ Клик!“ за сите корисници на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство.

Во периодот од 17 јуни, па сѐ до 30 септември, сите нови и постојни корисници на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство, кои ќе направат најмалку една трансакција, стануваат потенцијални добитници на мобилен телефон Samsung S10 или Bluetooth слушалки. Извлекувањето на наградите ќе се врши секојдневно и почнувајќи од утре, па се до 1 октомври, Банката ќе доделува по две Bluetooth слушалки дневно, додека неверојатниот Samsung S10 ќе се доделува еднаш неделно.

„Ни претставува огромно задоволство да ја најавиме наградната игра „Еве зошто НЛБ Клик!“ која има за цел да ги награди и поттикне нашите корисници да го користат електронското банкарство, па затоа летово не двоумете се како ќе ги плаќате вашите сметки и воопшто како ќе ги извршувате своите банкарски трансакции. Нема сомнеж дека интерентот засекогаш ги промени нашите животи, а комфорот на електронското банкарство стана синоним за современиот начин на живеење. Затоа земете ги мобилните или таблетите во вашите раце и искористете ја слободата да ги извршувате сите банкарски трансакции на сигурен и едноставен начин, каде и да се наоѓате. Стискајте ги палците среќата токму вам да ви се насмевне!“, велат од Банката.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои во периодот од 17.06.2019 до 30.09.2019 година ќе направат најмалку една трансакција преку НЛБ мКлик мобилното банкарство или НЛБ Клик електронското банкарство. Под трансакција на НЛБ Клик електронското банкарство / НЛБ мКлик мобилното банкарство се подразбира секое плаќање, интерна трансакција, промена на лимит за подигање на готовина на банкомат, плаќање на продажно место – ПОС терминал и интернет,  доспевање на рати на кредитни картички, надополнување на ваучер за мобилен телефон како и конверзија на валути.

Повеќе информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на следниот линк, додаваат од НЛБ Банка АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...