Со донација од Олга Костовска и пријателите, ќе се реконструираат
скалите и платото пред Музејот на современата уметност во Скопје
-Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот и веќе неколку години го има Еуролинк осигурување и претседателот на Надзорен одбор Олга Костовска за свој најголем поддржувач и пријател. Таа е позната во јавноста како
успешна жена во македонскиот бизнис, мецена на културата, уметноста и
образованието и голем донатор, кој знае да го даде својот придонес
онаму каде што е најпотребно. Со оваа лична донација наменета за Музејот на современата уметност, Олга го одбележа својот 45ти роденден и повторно ја подаде раката на оваа важна и репрезентативна институција во државата. Наместо
подароци, овојпат Олга и нејзините пријатели дадоа свој допринос за
реконструкција на приодните скали и платото на музејот во вкупна
вредност од 600.000 денари со што ќе се овозможи полесен пристап и
нов, освежен изглед на платото, кои ќе го направат музејот
поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата
уметност, соопшти Музејот на современата уметност.