Со „Генерациски концерт“ ќе се одбележи 70 години постоење на АКУД „Мирче Ацев“

146

„Генерацискиот концерт” по повод 70 години постоење на АКУД „Мирче Ацев“ ќе се одржи на 10-ти декември во Националната Опера и Балет со почеток во 20 часот. На концертот учество ќе земат фолклорниот ансамбл, академскиот хор и народниот оркестар како и уметници кои твореле изминатите години во друштвото.

Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев е име кое седум децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Седум децении е подвижен музеј на непроценливото македонско богатство, кое претставува историја, идентитет на македонскиот народ.

АКУД „Мирче Ацев“ е формиран од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1949 година како потреба на студентската младина да ги собира, негува и обработува македонското фоолкорно богатство, ората, песните, инструментите, богатите оригинални носии, македонскотоо хорско пеење и се’ со цел да го презентитра Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во земјава и надвор од неа преку фестивали, концерти и други настани во областа на културата.

Билетите за концертот можете да ги набавите на следниве броеви: 02 30 66 808/ 070 279 948.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...