Со воз од Скопската железничка станица до аеродромот до 2030 година

Покрај овој проект во Стратегијата се поместени најургентините транспортни преокти во  патниот и воздушниот сообраќај, но и проекти кои ќе треба да се реализираат во десетгодишниот период во урбаните средини со цел да се создаде интегриран транспортен систем.

224
20130627 Thursday 1536 Avtopat

Железнички крак до Скопскиот аеродром ќе биде изграден во периодот до 2030 година до кога треба да се реализираат околу 104 проектите од инвраструктурата содржани во Националната транспарентна стратегија. Стратегијата денеска ја презентира министерот за танспорт и врски Горан Сугарески.

За реализација на проектите содржани во Стратегијата е предвидено да се потрошат околу 4,2 милијарди евра од кои најголем дел ќе се обезбедат преку кредити, ИПА фондовите и од буџетот.

Железничкото поврзување на Скопскиот аеродром со железничката станица во Скопје, како што беше речено на презентацијата, е стар проект кој сѐ уште се анализира.

– Исплатливоста на оваа инвестиција се проценуваше преку бројот на патници превезени преку Скопскиот аеродром.Таргет беа два милиони патници и сега може да почнеме со процесот од обезбедување предфизибилити студија па до избор на изведувач. Проектот не е така незначителен за финансирање и треба време да се реализира- вели Билјана Здравева од секторот за железнички сообраќај.

Сѐ уште не се знае колку ќе чини овој проект, со кој е планирано да се одвои крак кај Миладиновци за аеродомот. Она што првично следува е да се комплетира документацијата.

Во делот на железницата,планирано е довршување на пругата од Куманово до бугарска граница и изградба на заеднички железнички граничен премин на Табановце.

Покрај овој проект во Стратегијата се поместени најургентините транспортни преокти во  патниот и воздушниот сообраќај, но и проекти кои ќе треба да се реализираат во десетгодишниот период во урбаните средини со цел да се создаде интегриран транспортен систем.

Меѓу покрупните проекти се довршувањето на автопатот од Кичево до Охрид, изградба на автопатот од Скопје до Блаце, изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево, како и изградба на ниво на автопат на делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир и од Струмица до границата со Бугарија.

Најголем дел од проектите, вели министерот Сугарески, во патниот сообраќај да бидат завршени до 2020-2021 година, а во делот на железницата планирано е до 2025 година.

– Крајната цел на Националната стратегија за транспорт е да се развие хармонизиран транспртен сектор што е меѓународно компатибилен и интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, а кој ќе го стимулира економскиот и социјалниот развој на земјата, ќе ја чува животната средина и ги обезбедува потребите на идните генерации – рече Сугарески.

Проектите од Стратегијата ќе се реализираат согласно приоритетите на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...