Новиот асортиман на мешавините „Вегета фант“ нуди кулинарски решенија за секој ден. „Вегета фант“ дава одговор на постојаните прашања за тоа што да се готви утре и дава можност да приготвите висококвалитетни и вкусни оброци брзо, едноставно и лесно. Секој производ е рецепт за ново фантастично јадење. И вештите готвачи, но и оние кои што се помалку вешти во кујната со „Вегета фант“ можат да приготват вкусно јадење. Без разлика дали сакате брз оброк со тестенини, зеленчук или со месо, „Вегета фант“ ви го нуди најпрактичното решение.
Отсега, можете да го збогатите вашето мени со нови производи од „Вегета фант“: за шпагети болоњезе, за лазањи, за запечени тестенини болоњезе, за запечени тестенини со шунка и сирење, односно „Вегета фант“ за сос од печурки и сос од сирење. Сите производи се произведени од најквалитетни состојки, и се без додадени подобрувачи на вкус.
Со „Вегета фант“ времето може да се купи!
„Вегета фант“ сос од сирење
Совршено кремаст и нежен, сосот од сирење на „Вегета фант“ е идеален додаток на сите видови јадења. Без разлика дали јадете зеленчук во жешките летни денови или уживате во некои специјалитети со месо, сосот со сирењене можете а да не го употребите.
„Вегета фант“ сос од печурки
Сосот од печурки „Вегета фант“ е збогатен со сушен вргањ и шампињони и како таков им дава специфичен вкус на јадењата од месо, тестенини или ориз.
Разбудете ги вкусовите на есента и мирисните шуми; подгответе го вашиот омилен специјалитет со сос од печурки веќе денес, а за свечени пригоди предлагаме да го облагородите вашиот оброк со додавање слатка павлака, путер или коњак.
„Вегета фант“ за шпагети болоњезе
Шпагети болоњезе се едно од најпопуларните јадења кое редовно се подготвува во многу домови, а штом ќе ја откриете мешавината за шпагети болоњезе на „Вегета фант“, тоа ќе стане чест гостин и кај вас.
Мешавината за болоњезе сос на „Вегета фант“ е одличен избор затоа што содржи дури 31% сушени домати. Сега, кога го откривте рецептот за најдобар сос болоњезе, размислете внимателно со кого ќе го поделите.
„Вегета фант“ за лазањи
Со месо или вегетаријанска лазања, тоа го оставаме на ваш избор – но на крајот на денот тоа навистина е ирелевантно кога имате толку многу добра основа.
А најдобрата основа за совршени лазањи е мешавината за лазањи од „Вегета фант“ која содржи сушен кромид, домати, магдонос и целер.
Запечени тестенини со шунка и сирење
Чиста класика! Шунка и сирење природно си одговараат заедно, но кога ќе ги додадете тестенините кои претходно не треба да се готват, добивате вкусно и убаво јадење, па дури и најмладите можат да го подготвуваат со вас.
Запечени тестенини болоњезе
Идеално јадење кога не знаете што да готвите или немате доволно време за поголеми кулинарски предизвици. Едноставно и брзо за подготовка, без претходно да се готват тестенините, без миење садови и нередот во кујната. Сушените зачини даваат богат медитерански вкус на мешавината која е без додадени подобрувачи на вкус. Практично, брзо и вкусно.