Модната марка „Dias“ со атрактивни фотографии ја претстави новата женска колекција дизајнирана за сезоната пролет/лето 2019 година.
Фотосесијата е насловена „Life is a Rodeo“, а акцентот е на смелите и уникатни модели на кожени чевли и чанти.
– Можноста сами да ги дизајнирате чевлите и чантите, што значи да одберете модел, кожа, ѓон и слично, дава посебен печат на производите на „Dias“. Изборот е огромен, а возбудата при дизајнирањето е неповторлива – вели Драгана Ангелоски, сопственичка на модната марка „Dias“.
Модната марка „Dias“ е препознатлива на македонскиот пазар по своите оригинални производи со модерен дизајн и врвна изработка.
Над 150 видови на кожа, повеќе од 30 модели на чевли и над 20 вида на ѓонови доволно говорат дека секој може преку кожените производи на „Dias“ да ја претстави својата креативност и оригиналност.
Со оглед на тоа што во периодов повеќето термини за дизајнирање и изработка на „custom“ чевли се букирани, закажете ги навреме вашите консултации во „Dias“.
Салонот „Dias“ се наоѓа во центарот на Скопје, на ул. Васил Главинов 1/1-7, тел. 070 567 539.