Со АмЧам лица со попреченост ќе се обучуваат за угостители

Американската стопанска комора во Македонија - АмЧам е бизнис заедница на 130 од најголемите компании во земјава.

69

Лица со попреченост ќе добијат обука и можност да работат во угостителскиот сектор; социјално загрозени лица од Преспа ќе учат како да одгледуваат органски производи и да се вклучат во социјално претприемништво, а деца и млади кои имаат можност да ја запознаат и засакаат природата преку извиднички активности. Ова се три социјално корисни проекти чие спроведување ќе биде поддржано од компании членки на Американската стопанска комора во Македонија – АмЧам.

На социјалната берза која беше организирана деновиве комората собра 1.500.000 денари како и производи и услуги потребни за нивна реализација.

Од Комората соопштија дека за парите конкурирале 39 граѓански организации со проекти, но биле избрани три.

-Нашите членки покажаа дека се свесни, совесни и одговорни, и подготвени да инвестираат во создавање можности за сите. Привилегирани сме што сме комора во која членуваат компании кои се лидери во корпоративното донирање и кои добро ја разбираат својата улога во општеството. Се надевам ќе инспирираме повеќе вакви иницијативи кои ќе овозможат приватниот сектор да инвестира во решавање општествени проблеми – изјави Дијана Десподов, извршна директорка на Американската стопанска комора во Македонија.

Во последните 10 години АмЧам, заедно со членките на комората, континуирано се залага за интегрирање на општествено одговорните практики во секојдневните деловни операции на компаниите и за инвестирање во заедницата.

Американската стопанска комора во Македонија – АмЧам е бизнис заедница на 130 од најголемите компании во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...