Соња Стојменска – Елзесер, книжевен научник и есеист е новата претседателка на Друштвото на писатели на Македонија.
Во седум децениското постоење на најстарата писателска асоцијација кај нас, која речиси во континуитет ја предводеа мажи, само во периодот меѓу 1996 и 1997 со неа раководеше жена, поетесата Светлана Христова – Јоциќ.
Фактот дека за избор на нов претседател на ДПМ имаше само две кандидатки Соња Стојменска Елзесер и Оливера Доцевска беше интересен за многумина и доказ дека полека, но сигурно се рушат родовите стереотипи за раководни функции во ДПМ .