Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу информира дека во моментов во Турција има 4,7 милиони странци, од кои околу 3,5 милиони се Сиријци.
– Како резултат на успешните операции на турската армија за чистење на подрачјата на Џера Блус, Азез, Ал Баб и Африн од терористи, 278.139 Сиријци се вратија во нивните домови – изјави Сојлу.
Според него, во текот на годинава 343 „терористи“ од Курдската работничка партија (ПКК) им се предале на силите за безбедност. Во исто време, во земјата се спречени 308 терористички напади, од кои 285 со бомби и два напади со автомобили натоварени со експлозиви. Уапсени се 54 терористи кои ги подготвувале нападите.
Министерот Сојлу истакна дека благодарение на соработката меѓу полицијата и жандармеријата решени се 745 кривични дела.
Тој информира дека при извршување службена должност загинале 141 лице, од кои 49 војници, 25 полицајци, 39 жандари и други службеници. Од должност се отстранети 101 градоначалник, од кои 94 за поврзаност со ПКК и седум за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен. Уапсени се и 635 шумски чувари