Социјалното домување ќе биде посебна глава во Законот за домување

Тим од претставници на Министерството и Здружението за хумано живеење „Хабитат“ работи на предлог- текст на посебна глава која ќе биде дел до Законот за домување и ќе се однесува на социјалното домување.

230

Министерството за труд и социјална политика веќе се определило социјалното домување да биде регулирано во рамки на Законот за домување и нема да се носи нов закон за оваа област бидејќи за тоа нема потреба, дознава Плусинфо од извори во Министерството.

Тим од претставници на Министерството и Здружението за хумано живеење „Хабитат“ работи на предлог- текст на посебна глава која ќе биде дел до Законот за домување и ќе се однесува на социјалното домување.

До крајот на месецот работната група ќе се состане за да го разгледа првичниот предлог со кој прецизно и најдобро што може ќе се дефинира социјалното домување со цел да се најде системско решение на сегашните проблеми во социјалното домување.

Во текот на идниот месец се очекува да се одржи и првата јавна расправа во која ќе учествуваат сите заинтересирани чинители, по што предлогот ќе се достави во Министерството за транспорт и врски.

Посебна работна група во Министерството за транспорт и врски во која се вклучени и претставници од Министерството за труд и социјална политика и Здружението за хумано живеење „Хабитат“ и други заинтересирани за проблематиката веќе работи на измени на Законот за домување со кои треба да се надминат проблемите воочени во практичната примена на актуелниот закон.

Според информациите од Министерството за транспорт, работната група засилено ќе ја продолжи работата во мај откако официјално ќе се добие текстот на главата од Законот која се работи во Министерството за труд и социјална политика.

Итно довршување на постапката за измени на Законот за домување побара невладиниот сектор и управителите, бидејќи како што велат, од квалитетот на овие законски решенија се засегнати стотици илјади луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...