Социјалистичката партија ќе остане на власт во Португалија и наредните четири години

38
ФОТО: EPA / KCNA

Португалската Социјалистичка партија освои мнозинство гласови на вчерашните општи избори, и ќе остане на власт и наредните четири години, покажаа прелиминарните резултати.

Според резултатите, тие освоиле меѓу 36 и 40 проценти од гласовите, и би можеле да имаат помал број пратеници од претходно поради што е можно да формираат коалиција со една од партиите.

По претходните избори, тие формираа коалиција со Португалската комунистичка партија и радикалниот Левичарски блок.

Најголемата опозициска партија, централно-десничарската Социјалдемократска партија освои меѓу 24 и 28 проценти од гласовите, Левичарскиот блок од 9 до 12 проценти, Португалската комунистичка партија од пет до седум проценти и Христијанско-демократската партија од 2,4 до пет проценти од гласовите.

Во изминатите четири години, за време на социјалистичкиот премиер Антонио Коста, Португалија регистрира силно економско закрепнување со раст од 0,2 проценти во 2014 година до 2,1 процент во 2018 година, додека невработеноста падна за околу половина, на шест проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...