Социјалистите победија на изборите во Молдавија

168

Социјалистичката партија на Молдавија, која го поддржува претседателот на таа земја Игор Додон и се залага за обновување на односите со Русија, победи на парламентарните избори, потврди денеска Централната изборна комисија.

Според податоците, социјалистите освоија 35 пратенички мандати од 101 место во Парламентот, а веднаш зад нив е Демократската партија, која освои 30 места и проевропскиот опозициски блок Акум, кој освои 26 пратенички мандати.

На четвртото место е партијата Сор, која освои седум мандати.

Изборите во Молдавија се одржаа на 24-ти февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...