Севернокорејските претставници го одложија состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео бидејќи не се подготвени, изјави амбасадорката на САД во Обединети нации, Ники Хејли.
Северна Кореја соопшти дека мора да го пролонгира состанокот поради некоја причина. Секретарот Помпео беше подготвен да дојде, истакна Хејли.
Таа додаде дека Вашингтон е подготвен да разговара и оти нема поголеми проблеми за да се организира нова средба.
Помпео требаше да разговара со високиот севернокорејски претсатвник Ким Џонг-чол, за одржување на втор самит помеѓу претседателите на двете држави и да оствари напредок кон денуклеарицазијата на Корејскиот Полуостров.
Стејт департментот вчреа соопшти дека ќе биде закажан друг термин, „кога нашите распореди ќе го дозволат тоа“.